ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 60

Потребно време за читање: < 1 минута

60. Општество-Држава

Инфантилно, ступидно, но пред сè е крајно тенденциозно да се поистоветуваат општеството и државата, особено кога се потенцира мултиетничноста. Притоа или не се знае или не се сака да се научи (второво многу повеќе) дека постојат мултиетнички општества, но не и мултиетнички држави.

Жални се оние општества и оние држави во кои помеѓу нивните првенци има такви кои не го разбираат основното: дека општеството е севкупност на односи на луѓето спрема природата и нивните меѓусебни односи (најсложени и најбитни се производствените), а државата е политичка установа со ефективна власт над одредена географска област.

Модерната држава е напредна, перспективна и уредена по мера на сите граѓани, на нивните заеднички интереси. Во неа владеат умноста, знаењето и искуството, исто како во животот на едно семејство, во работата на една фирма-сеедно од најмала до најголема.

Државник во модерна држава е посветен на слободата, демократијата, вредноста и убавината, на заедничкото добро и сушноста на индивидуалниот и колективниот опстој.