ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 58

Потребно време за читање: < 1 минута

58. Лага-Лажење-Лажливец

На лагата ѝ се кратки нозете? Ма, не е важно дали ѝ се долги или кратки кога е помеѓу нас и конечно мораме да се соочиме, да се судриме со неа, како откриена да ја докусуриме.

Се разбира, малку е важно, а не многу кога бега, зашто ѝ е лесно да избега од оние што се научиле на неа, ѝ се навикнале, дури им станала некако блиска. Па кога мора да бега оти им дошла преку глава или мораат да ја избркаат за да ги подбере и добере вистината, кога е долга тоа трае подолго, а како кратка покусо време. Ама ќе избега кога-тогаш.