ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 53

Потребно време за читање: < 1 минута

53. Љубов

Сè речено за љубовта останува недоречено дури трае, дури го продолжува животот. Во неа се чекори со бавен или брз чекор кон една, а не кон многу цели. Таа цел се вика соединување, се вика единство, се вика сушност на постоењето, се вика создавање и дело.