ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 30

Потребно време за читање: < 1 минута

30Вредност

Има многу безвредности во животот, а многу повеќе вредности за мене, за тебе, за нас, за сите. Безвредностите нè следат на секој чекор, ни се наметнуваат, нè опседнуваат, дури лесно нè освојуваат.

Вредностите се секогаш на дофат на раката, на мислата, на свеста, смислата и сушноста на опстојот, та од нас зависи колку ги прифаќаме како дел од сопствениот свет.

Оној што создал или создава вредност е за длабока почит, признаеност и поклонување. Најпрвин пред неговото достоинство. Секој што го унижува, ништожува или исмејува го заслужува неговиот презир.