ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази 26

Потребно време за читање: < 1 минута

26. Алчност/Лакомост

Да имаш многу и да поседуваш што повеќе. Постојано да бидеш незадоволен од она што го имаш. Па и кога си имашлив, многу повеќе од сите други, од кого било. Не ни помислуваш дека алчноста/лакомоста е еден од седумте смртни гревови. А не дека не знаеш. Го знаеш тоа, ама не те засега, не те интересира. Те обзела, те опсадила те заробила, та не можеш ниту да согледаш, ниту да разбереш кон што и кон каде те води, до каде ќе те одведе, во која состојба допрва ќе те доведе.

Очевидно, за тебе ќе биде предоцна кога ќе разбереш:

Алчноста најнапред ги унижува, а потоа ги убива смислата и содржината на животот. На постоењето и опстојот во него.

нување. Најпрвин пред неговото достоинство. Секој што го унижува, ништожува или исмејува го заслужува неговиот презир.