Тевна

Знам кога имало
но не откога има
незнајна тевна
во која прав човек
влегува па излегува
за пак да не излезе
дека уште може
сам да се надева.

Се тевандисал човек
совреме
пред влез во тевница
и откога имало
и кога има
може да биде
како прав човек
кој може еднакво
близу до луѓе
дека може еднакво
далеку со луѓе
да навлезе во себе
за потоа да излезе
на сончева утрина.

Јас со прав човек
на тевна конечно
разбирам од точка
до три точки
дека се живее секако
без љубов жива
исто како со љубов
мртва во постела
пред да сврши говор
на последен издив.

ОГОН ВО ПУСТОШИЈА, Мразнина, поетска студија, 62

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.