ТЕКОВИ, раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

3. Игра со детенце

Рано пролетно утро во градски парк среде град. На клупа испоседнати старци и старици. Развеселени, насмеани. Спроти нив средовечни маж и жена, како вљубени еден во друг. И јас застанат крај старците и стариците. Сите следиме рамнодушно игра со детенце. Не е игра што ја игра дете, туку игра со детенце. Замислена? Може да се рече.

Обзело игра дете штотуку заодено. Таа е сета облеана со спокојна сончевина, сета во занес и жизненост. Детенцето во нејзина средина. Се гушкаат и се бакнуваат по лицата. Потоа таа се врти околу него во свој ритам. Па го крева во воздухот, па некое време летаат кон небото, па седнуваат наземи за да земат здив. По некое време за миг играта откинува секакви цвеќиња од во редови посадените околу фонтаната со мраморна пеперуга и го покрива детенцето со нив. Го открива. Зедно се смеат гласно. Запејуваат песна од никого од нас знајна.

Игра со детенце која како да нема да запре никогаш. Ни близу ни далеку нема како неа.

Се прашувам, но не можам да си одговорам чија е.

Leave the first comment