ТЕКОВИ, раскази/ескизи

19. Опис

Пред трошна куќичка среде шума од стари и млади дрвја на триножни столчиња седат две стари души. Собрани се во себе, молчат загледани во далечина. Студи, а сончев зрак никако да продре низ дрвјата, крошните и нивните сенки за снага и коски да им огрее. Премалени и безнадежни.

Рамнодушно чекаат да им дојде смртта.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.