18. Светови
Таа:
-Еден и единствен е светов.
Јас:
-Еден е и единствен, но и секој си има свој. Исто така еден и единствен.
Таа:
-Тие се меѓузависни светови.
Јас:
-Едновремено се надополнуваат, се испреплетуваат и живеат наспоредно.
Таа:
-И ние на светов со свои светови. А заеднички?
Јас:
-Немаме…Не ни било пишано…Не ни се даде…Или не сакавме.
Таа:
-Сеедно. Ќе бидеме на светов додека сме.