СВОЕВИДНА ЖИЗНЕНОСТ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

119. Првпат

Роса:

-Сѐ има првпат, сѐ е со првпат, сѐ бидува првпат. Мене најпрвпат ми беше кога разбрав дека не ќе имам своја рожба да ја одгледувам, да ја растам, да ја израснам, да ја осамостојам за живот. Најпрвпат поразена од себеси.

Исток:

-Причина?

Роса:

-Што може да е друга освен болештина? И тоа притаена, без знак, без никакво навестување. Наеднаш се разгоре во мојата утроба, ми ја изгоре плодноста и морав под нож. За живот.

Исток:

-Не си прва ни последна. Напротив, во нашево време тоа им се случува на сѐ повеќе млади и во зрели години…Ама тоа нема никаква врска со љубовта. Таа може и туѓа и незнајна да ја има како своја…Може и нашава, нели?

Роса го погледнува Исток со насолзени очи, му упатува топла насмевка, а тој ја стиснува во прегратки.

Роса:

-Може. Да?

Исток:

-Да.

Продолжуваат со тивки чекори во ноќта.    

Leave the first comment