115. Грпка
Пандора е дамна упокоена. Голема грпка со години ѝ ја собираше снагата во клопче. Конечно ѝ ја собра во смртната постела.
Никој не знае од што ѝ беше. Секако од мачна живеачка со нејзиниот Сотир и изгледаната рожба-син и две ќерки. Некои стари се убедени дека почнала да ѝ расте откако паднала од коњ со товар дрва. Товарот се разврзал и дрвата ја покриле. Многу време откога ја извлекле ја лечеле со секакви билки и ја размрдувале со болни протегнувања на рацете и нозете.
Пандора ја паметат како многу лична мома и невеста.