СВОЕВИДНА ЖИЗНЕНОСТ, минијатурни ескизи

87. Густа шума

Му  требаа четири ипол години да извиши густа шума до небо. Посади брзорастечки дрвја близу едни до други, па кога пораснаа крошните им се мешаа и испреплетуваа. Во шумата човек одвај се движеше помеѓу нив, а сонцето одвај се пробиваше со понекој зрак напладне.

Откако почна да ги сече со пила и секира, секое второ или трето во ред, за дрва за греење зиме, за дрвена граѓа и биомаса, се разбра дека човекот бил голем бизнисмен.

Тој, пак, постојано убедува дека густата шума извишена до небо му служи за чист воздух и здрав живот. М;у нуди секому заедно да навлезат во неа и да поживеат макар ден-два во неговата дрвена куќичка.