Секогаш присутни,
секогаш отсутни
во оние што се и сè
допрва ќе бидат во нив;
додека мрачнината
обично
не ги покрие сосе земја
во ниедно доба
на нивно несомнено
постоење.
Секогаш присутни,
секогаш отсутни
светлини и сенки
кои си ги менуваат
местата низ просторите
на оние прикажани
придружени на говори,
а поначесто песни
кои возвишуваат
молчења од жал,
повеќе од страв
дека скоро ќе исчезнат.
Зошто жал?
Зошто страв?
Светлини и сенки
за мигови во кои никој
не го знае значењето
на знаците, на словата,
на мислите
испишани, издлабени,
длабоко врежани
во паметењето
како
неизбришливи траги
исконски.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталација, 4