92. Дивина
Стапна во дивина
Нему непозната
Досега неосвоива
За негов опстој
Сеедно каде
Без себеси.
Стапна во дивина
Со корен човечки
Од пред векови
Исушен изгорен.
93. Што после
После ќе те нема
И тебе
Како што ме нема
Мене
Којзнае од кога
Може за никогаш
Веќе
Може засекогаш.
Скаменети сме
Многу далеку
Толку далеку
Што да не може
Никој
Ни да нè догледа
Ни да нè смисли.
94. Нема зошто
Стварно нема зошто
Да почнуваш ново
Нешто без причина
Имајќи ги предвид
Последиците.
Особено затоа што
Сè што почнуваше
Досега
Сè остана некако
Недокажано
Некако недоречено.
Стварно веќе нема
Потреба
Да му докажуваш
На светот
Оти сè уште постои
Благодарени на тоа
Што ти од дамнина
Живееш секако.
95. Сонуваме
Никој не сака
Да остави сон
Што го сонил
Недосонет.
Па ни јас и ти
Уште откога
Се најдовме
Штотуку будни
За нова љубов.
96. Наврапито
Така често наврапито
Да се случува
Не е добро за животот
Што се живее секако
И некако и никако.
Всушност баш ништо
Не се случува
Што требало конечно
Да се случи наврапито.
Освен дека сме одамна
Пред огон по молња.
97. Од на луѓе
Не разбирам зошто
одот на луѓево кон
Недосеглива цел
Е забрзан повеќе
Од вчера
Кога не се обидува
Никој
Ниту да ги забрзува
Ниту да се обидува
Да ги престигне.
Како да иде време
По кое сите реки
Што течат матни
Меѓу нив
Ќе се излеат
И ќе го преплават
Нивниот неспокој.
98. Сомнение
Се мисли здрав
А всушност
Се гледа здрав
Пред крај
На време долго
Колку цел век
Животен.
Во него сè повеќе
Расте сомнението
Дека не ќе може
Скоро да стане од
Смртна постела.
СУШТИНИ, зборопој/зборови за пој, елементарна поезија




