Суштина на повторлив сон

Тивки клокоти

Не знаеш што значи во многу ноќи на ред да сонуваш еден ист сон? Не ни помислуваш дека тоа ти се случува затоа што ти е ист светот во будност, што значи дека што поскоро треба да промениш нешто во него? Не знаеш дека стварноста во најголема мера се рефлектира, се пресликува во сонот?

Се согласуваме дека суштина на секој повторлив сон е желбата, стремежот, дури страста тој конечно да се исполни, и тоа без оглед на последиците.

Меѓутоа, што да правиш кога станува збор за невозвратена љубов која никако да ја надминеш, дури да ја заборавиш по многу години или децении? Те прашувам оти во твојот повторлив сон токму таа е главна, стожерна, смисла на твојот живот во последни години.

Се обидувам да ти помогнам:

Обиди се да ја пронајдеш во твојот стварен свет, може ќе ја сретиш оти сигурно намерно не се сокрива од тебе, и раскажи и го сонот. Мислам дека со некој збор или гест ќе ти помогне да се ослободиш од него. Поточно од неа.

Прочитај и за ... >>  КАМЕНО НЕБО, Заживување, апстрактна поезија/игриви песни, 20

Повторливите соништа ја снеможат будноста на сонувачот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 129

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.