СУШТЕСТВЕНО Е КАКО ОТКАКО, ОТКОГА И ОТСЕГА ОТАДЕ.
СЕ СРЕТНАВМЕ СЛУЧАЈНО, А ОДАМНА СЕ ПОДГОТВУВАМЕ ДА СЕ СРЕТНЕМЕ НАМЕРНО. МОЖЕБИ НАЈМНОГУ ЗАТОА НЕ ТЕ ПРЕПОЗНАВ, НЕ МЕ ПРЕПОЗНА, ПА РЕЧИСИ СЕ РАЗМИНАВМЕ И БРЗО СЕ ОДДАЛЕЧИВМЕ. ЗНАЧИ, СУШТЕСТВЕНО Е ДЕКА БЕВМЕ НА ИСТА ВРВИЦА, БЕЗ ЗНАЧЕЊЕ ДАЛИ БЕШЕ МОЈА, ТВОЈА ИЛИ НАША.
И КАКО? НЕКАКО СЕКАКО, СЕКАКО НЕ НИКАКО. НАЈМНОГУ ОД СĖ ЗАВИСИ ДАЛИ ОСТАНАЛО НЕШТО ВО ТЕБЕ И ВО МЕНЕ ОД ЕДНО МИНАТО ВРЕМЕ. СКРШЕНО, ЗБРИШАНО, А НЕЗАВРШЕНО.
ДА, ДА, СУШТЕСТВЕНО Е ДЕКА МОРАМЕ НЕКАКО ОТКАКО, ОТКОГА И ОТСЕГА ОТАДЕ ЗАЛЕЗ НА НАШИ ГОДИНИ.
Наслови (Сѐ во наслов), насловна проза, 35