Строгости на форми, 91-100

91. Лета

Полетала сенка
на небо облачно
негде да долета.

92. Нов брег

Од каде нов брег
на река скаменета
со тек од искон.

93. Стара рана

Корава рана
длабока огнена
пак прокрвави.

94. Избавен

Некој избавен
влегол во огнен јазик
плач да избави.

95. Трга

Трга по трага
на последни соништа.
Ниедно доба.

96. Слана

Попари слана
цвеќе пролетно
за мирисање.

97. Ветеринчав

Он ветеринчав
како да му е лесно
така во стварост.

98. Сосед

Се нашол сосед
кој не сака соседи
да му се блиски.

99. Ѓавол

Ѓавол во него
влегол да го ѓаволи
зашто е човек.

100. Заман

Ненадеен заман
навали на дете
да почне да расте.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.