Строгости на форми, 71-80

71. Поглед

Не се знае зошто
пред сурово лице
со искричав поглед.

72. Никогаш

Не бил некој човек
во мрачна пештера.
Зарем ти прв сега?

73. Ако сега

Две реки пенливи
течат напоредно
кон езеро мирно.

74. Смирна

Легнала љубов
смирна во смирно време.
Чека нов живот.

75. Во тебе

Имало нешто,
во тебе било,
а веќе не е.

76. Не знам

Нешто случува,
важно се случува.
Без зошто и како.

77. Знак

Во дрво знак
на присуство
на сам човек.

78. Нов свет

Некој нов свет пред мене
се раѓа од семиња
меѓу ѕвезди и сонце.

79. Танчери

Танцуваат танчери
меѓу два суви брега
на надојдена река.

80. Трева

Порасна трева
по многу дожд и сонце
од рано утро.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.