Строгости на форми, 151-160

151. Никулец

Излегол никулец
на сонце утринско
да почне нов живот.

152. Жеднеење

Премалено тело
жедно за нов извор
со жубор на птици.

153. Челебија

Голем челебија
бил во едно време.
Исчезнал прекуноќ.

154. Пронајдени

Се пронашле двајца
што некогаш биле
добри пријатели.

155. Скривница

Ископа скривница
преуморен воин
по залудни битки.

156. Сосед

Настрвен сосед,
заробеник на гнев,
со поматен ум.

157. Се ѕвери

Се ѕвери дете
во игра на големи
луѓе што молчат.

158. Шегач

Он сака шега
пред која било сила
што навалува.

159. Одново

Се случува пак
да се случува сешто;
дека се случи.

160. Одвај

Најпосле сите
се согласија дека
можат заедно.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.