fbpx Прескокни до главната содржина

Строгости на форми, 111-120

111. Дивотија

Сме во дивотија
откога остана
зад нас самотија. 

112. Рамно

Конечно во рамно
по искачување
на скаменет живот.

113. Прва пеперуга

Како тоа прва
пеперуга будна
од ледено утро?

114. Од памтивек

Тврдина до небо
за одбрана трајна
во наша слобода.

115. Гласови

Собрав гласови
во длабока пештера
за да не сум сам.

116.Знак

Облак на небо
со јато птици во лет
кон  далечен југ.

117. Јаболко

Јадро јаболко
со сонце во срцето
жолто и црвено.

118. Амбар

Полн амбар жито
за да не ми влезе глад
во лошо време.

119. Калдрма

Камен до камен
калдрма со векови
за ѕвонлив чекор.

120. Љубовен сон

Тело огнено
како ѕвезда на небо,
срце трепери.

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.