Строгости на форми, 101-110

101. Јадење

Направил јадење
слатко и солено
по гладост по жедмост.

102. Жилче

Од коренче жилче
сака да корени
до кај има сила.

103. Семиња

Фрлиле од небо
семиња секакви
во земја пустошна.

104. Дамна мртов

Откопале коски
на умрен непознат
воин обезглавен.

105. Лице

Не мени лице
лице препознаено
како природно.

106. Безвремено

Нема почеток
на било што не било
откога било.

107. Зрак самрачен

Во куќа стара
живее зрак самрачен
прв и последен.

108. Пејзаж за занес

Влегов во пејзаж
од мене заживеан
да ме занесе.

109. Крива

Дека е крива
за сè низ што минавме
во далечина.

110. Форма

Зошто ти е важно
дали сме можеле
заедно до извор?

СТРОГОСТИ НА ФОРМИ, песни со зададени зборови

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.