Околу него живи и мртви
Родени зародени одродени
Развеани безимени
Од памтивек
Од секого заборавени.
Некои преродени откога
И ним како на многумина
Досега
Им стана стожерен
Го паметат од некоја игра
На искри меѓу зборови
На корени меѓу камења
Пепел и прашина до небо.
Некои недојдени до него
Близу или далеку од него
Уште се надеваат на него
Да им биде стожерен.
Затоа што постојат
За да бидат единствени
Што се во свет во кој
Биле само тие
Меѓу ридје и планини
На своја проста земја
Слободни.
Стожерен и жив и мртов
Во веки веков
А со јанѕа во мислата
И срцето
Дека тој како последен
Ќе мора сам со голи раце
Свој гроб да ископа
Меѓу камења под камења
Во пепел и прашина.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Грижен, стихозбирка, 11