СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 286-290

Потребно време за читање: < 1 минута

286. Без значење

Зборови кои ништо не значат
во песна која гласно се пее.

287. Војна

Завојувале од две неба
мртва тишина и молњи.

288. Мрак на очи

Му паднал мрак на очи на дете
заиграно во негова загадочна игра.

289. Превал

Успеавме да се искачиме и ние
на превалот меѓу два наши живота.

290. Ние случајни

Конечно се случивме ние
меѓу намерни случајности.