СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 476-480

Потребно време за читање: < 1 минута

476. Корени

Многу корени на еден живот
изживеан меѓу сон и јаве.

477. Прикриено

Не е добро дека е прикриено
за да не се открие сокриено.

478. Со лице

Тој секогаш со лице
пред чие било наличје.

479. Осветлен простор

Од многу наши простори,
сал единствен мој осветлен.

480. На крај

Времиња со нешто без нешто,
за последно безвреме и ништо.