СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 326-330

Потребно време за читање: < 1 минута

326. Сами

Едни и едни луѓе
ни близу ни далеку.

327. Заедно

Јас со ние кај што
нема да се делиме.

328. Силина

Во зеница зрак,
знак на живост.

329. Стои

Сè уште стои он
на последен врв.

330. Праслика

Не се препознава лик
на ближен од дамнина.