СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, поезија/двостишија, 261-265

Потребно време за читање: < 1 минута

261. Корен

Излегол корен на виделина
заедно со млади крај него.

262. Борба

Еден врв се бори против друг
да го надвиши во неосвоивост.

263. Заедно

Два длабоки воздива заедно
се обидуваат да се успокојат.

264. Пред народ

Пред народ достоинствен човек
говори за будност и стаменост.

265. Натаму

Одовде натаму ти наместо јас
кон неодгатнати траги на живот.