СТИВНУВАЊА НА ТРЕПЕТИ, двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

41. Луѓе

Живеат луѓе ден за ден
сè поразлични во жив свет.

 

42. Жени

И голи и облечени жени
им се предале на љубови.

 

43. Изневера

Во заборав, рамнодушие,
нова игра минлива, необврзна.

 

44. Занес

Никој не ја согледува грубоста
на стварноста сечија и ничија.

 

45. Цврсто на земја

Многупати до корен исечувано
старо дрво среде пат кон нигде.

Leave the first comment