Скаменети луѓе
наредени по големина,
згора како замолчени
од некој ненадеен глас
громок, продорен,
мигновен,
што заледува крв.
Во ведра ноќ, ведра игра,
под ведро небо,
низ смеа и лесна песна.
Стениве стојат мирно,
достоинствено,
скаменето
дека веќе немаат сила
да издржуваат тежест
на животи и смрти
во дамнина.
Меѓу скаменетиве луѓе
понекој молскот
на сенка самотна.
ПРЕПЕВ НА ПЕВ И ПОВЕВ, Зрачат сни, поетска инсталација, 2