Спознание-Сознание-Разборитост-Разбирање

Тивки клокоти

Навременото сознание никогаш не е поразително, туку напротив, секогаш е поттикнувачко за напред. Поразително е задоцнетото, зашто не ни користи или затоа што веќе нè искористиле.

Секое спознание е богатство на духот, втемелување на самостојноста и самосвојноста. Најмногу доказ на личниот непрегор.

Со разборитост и разбирачка треба едновремено и да се прифаќаат и да се менуваат нештата во животот.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 103

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.