Способност докажана со дејствија, со работа, со создадени дела. Способност за нешто и за некои нешта. Но, никој и никогаш способен за сè.
Најважно во животот кога е збор за способноста:
Работи го, создавај го она за што те бидува, за што си се оспособил со ука и опит.
Најважно во врска со способноста:
Одговорен си и чувствуваш одговорност за она за што си способен. За она за што не си, одговорен е оној што го знае тоа а го премолчува, а се прави дека не го гледа; знае ама таков и токму тој му одговара.
Најважно за способноста во животот:
Треба да си способен да живееш, да работиш, да создаваш. Без оглед каков ти е животот, без оглед каков си избрал.
ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 173