Создавање-Творење-Креативност

Тивки клокоти

Крајно и врвно: создавањето-творењето-креативноста како совршен израз на човечкото Јас е суштина на индивидуалниот опстанок. Секогаш заедно со колективниот.

Почетно и постојано, без што не е можен ниту првиот чекор, ниту стамениот ôд во времето:

Создавањето-творењето-креативноста како совршен израз на човечкот Јас е доказ на самосвесноста. Секогаш заедно со свесноста за траењето на достојниот живот.

Создавачки-тгворечки-креативен индивидуален и колективен опстанок во кое било време и невреме. Особено во невреме.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 155

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.