143. Шега
Легнувм во коприви
оти ми се спие,
оти спијам
и те гледам тебе
како се разголуваш
пред мене,
како се отвораш
во мене,
како боледуваш
од мене.
Легнувам во коприви
угул гол,
како кога мајка
ме родила;
мал и ништожен,
уплашен и немоќен
оти не можам
да те гледам тебе
кога се растураш
во мене,
кога се собираш
пред мене,
кога боледуваш
со мене
реко матна и камена
од облаци
што ми идеш
од брег детство
што ми рониш.
Пушти ме да спијам
за да не се разбудам
пак легнат
во коприви
со главата угоре,
со нозете удолу.