СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

149. Латерна

1.

Ниту ветрот, ниту светот,
ниту облак темен, скрбен,
ништо не ѝ можат
ни дење ни ноќе.

Од мене е таа
за време
кога со неа ќе можам
да те стасам во спокој.
извор вода кога испиваш.

2.

Долго стоеше
на таванот со сенки,
од ноќни птици
заборавена
во пајажина и прав.

Ја зедов, ја запалив
и тргнав на далечен пат
оти одамна не си
со мене.

3.

Во неа сум јас
каков што се знам
себеси,
да ме пронајде
каков што сум бил
уште како дете.

4.

Ќе влезам со неа
во темните одаи
на нашето минато
за да видам
дали си заборавила
на игрите
пред огнови и молњи
на небото
што се развалиле,
што се разревале.

Не грижи се,
нема да заскитам.

5.

Ништо не е
како што ни било
кога беше со нас
запалена.

6.

Дали некогаш
ќе се сетиш на мене
кога со корени
се обидуваме
да ја браниме
од молк во збор,
да не угасне,
мракот
да не нѐ умори.

7.

Пред години
сами
ни зароби здив,
ни зароби сомнеж
во мрежа од сни.

Leave the first comment