128. И во игра, љубена
Снеможувам
пред твојата убост
на светол хоризонт.
Дека ќе исчезнеш.
Треперам
пред твоето тело
во височини и низини.
Дека ќе исчезнеш.
Стравувам
пред твојата сенка
меѓу корени.
Дека ќе исчезнеш.
Немувам
пред твоојата мисла
за будност надежна.
Дека ќе исчезнеш.
И во игра, љубена,
одведи ме
на светол хоризонт,
пушти ме
во височини и низини,
сокри ме
меѓу корени,
па прелажи ме,
па прекажи ме
на будност надежна.
И никогаш и никаде
кога снеможувам,
кога трепетрам,
кога стравувам,
кога немувам,
ти да не ме оставиш.
Да не ти исчезнам
во самост бесконечна,
во гробна тишина,
помеѓу езерска
и небесна синевина.