СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Потребно време за читање: < 1 минута

93. На врвот над врвовите

Се искачив на врвот
над врвовите
на уште една средба
со човек и негови богови.

Ме догледаа, ме повикаа
да им се придружам;
ме седнаа
во средишната точка
од сончев зрак,
та продолжија
во круг околу мене
гласно,
да слушнам секој збор
и секој молк мигновен
помеѓу нив.

Слушнав што требаше
да слушнам
за од нив да го почнам
создавање на нов свет,
нивен како мој.

Дури други богови
со друг човек
не стасале на врвот
над врвовите.

Рекоа дека сите врвови
се освоени
од ведри и облачни неба,
а веќе немаат време
да издигнат нови,
огнени,
што ќе почнат
да ги освојуваат
со игри и песни,
од тишини и премрежја
исткаени.

Рекоа дека се собрале
да ме соберат
за конечно да узнам
колку е важно
за опстојот на светот
јас да ги откријам
сите беспаќа
во човекот со нив,
та потоа да го завршам
неговото создавање.

Прочитај и за ... >>  СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Неволен, поетска студија за беспаќата во човекот

А имам само уште едно
да откријам:
дека е во нова љубов
страсна
со семе,
за ново раѓање
на родна земја.

Leave the first comment