101. На истек
Несопирливо одат водиве
надојдени по долга зима
кон истек на моево време
сосе божественото.
Ама не жалам ниту за нив,
ниту за него;
оти со збор, мисла
и добрини за луѓе
веќе освоив многу врвови,
прелетав многу бездни
преполни со тишини.
И како што ми кажуваат
годиниве сосе снагава,
пролетва совреме
ќе разлистаат гориве,
ќе процутат од мене
спитомениве цвеќиња
во неомеѓениве полиња,
ќе распупат овошките.
Јас на истек
на моево време
сосе божественото
по долга зима ќе легнам
меѓу ѕвездине
да починам
откога ќе навтасам
за нова игра всоне.