Совршенство-Несовршенство

Тивки клокоти

Совршеноста на едно творечко дело е во неговата несовршеност. Но зошто се бара таа во него? За што е потребна? За споредбено согледување? Особено ако се има предвид дека несовршеноста е најчесто последица на-незавршеноста.

Одамна е докажано дека творецот го создава делото додека е жив, постојано доближувајќи го до сопствената совршеност.

Во врска со совршеноста и несовршеноста на животот најпрвин е постојаноста. Таа, пак, се докажува помеѓу едната и другата. Потоа иде едноставноста.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 154

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.