39. Избор
Избирам
помеѓу два збора
спротивставени
со своите значења,
звучност и нагласки.
Избирам
помеѓу две игри
рамнообразни
во говорот, смислата
и траењето.
Избирам
помеѓу два знака
како траги
на соништа
и будности
што идат
од неизвесности
при бестрашие.
Избирам
додека уште можам
да разликувам
стаменост
од небиднина
во чекори на луѓе
кои сѐ уште веруваат
дека може
да се надвладеат
реалии земни,
ноќни и дневни.