СОВРЕМЕ, ОДДИВИ,стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

22. Зачекорувам

Конечно зачекорувам
во пустелијава пред мене.
Не за да ја совладам,
да ја освојам,
ниту таа мене совреме
да ме порази.

Конечно зачекорувам
напуштајќи земја испостена,
а со длабоки корени,
а со светлини и мрачнини
помеѓу нив,
а со дамнини и сегашнини
на умирање.

Конечно зачекорувам
во пустелијава пред мене
дека не ѝ значи ништо
моето самоименување.   

Leave the first comment