СОВРЕМЕ, Оддиви, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

28.  Пред огон

Се струполуваат
мали и големи,
ситни и крупни камења
од врв на планина,
трупајќи се
близу и далеку
од нејзиното подножје.

Ридјево околу мене
се веќе со доволно
високи врвови,
ама не знам што има
на нив;
а и уште не допираат
ѕвездено или облачно
небо
за да ги искачувам.

Сѐ струполуваат
мали и големи,
ситни и крупни камења,
но и топли, но и жешки,
но и огнени.

Дали скоро совреме,
дали безвремено
ќе почне да фрла оган,
да го разлева
сѐ да согорува,
сѐ пред него мигум
без здив да пеплосува?

Пред ридјево сум
како пред оган
или пред огнови.

Leave the first comment