Сочувствување-Сожалување-Сомилост

Тивки клокоти

Ако може да сочуствуваме, а да не се сожалуваме меѓусебно, тоа би било најдобро. Но бидејќи не може, што би било добро и подобро?

Добро е искрено да сочувствуваме и сожалуваме во болка, тага, трагедија. Не е добро да сожалуваме, а да не се обидуваме да помогнеме како било.

Сомилоста е во секој од нас, а особено ја искажуваме пред самотен и осамен човек. Најдобро да сме со него додека му требаме.

Подобро е да куражиме со убедување дека животот продолжува сè додека го живееме, и тоа многу повеќе отколку што го живуркаме.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 138

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.