Се редат секакви смрти
На луѓе големи и мали
На луѓе силни и слаби
На луѓе болни и здрави
Во мигови ненадејни
Несподелени единствени
И неповторливи
Како мигови на раѓање.
Тоа се случува со умисла
На сила со прва цел
Да нема живот прв нов
Пред да почне бришење
На траги на живот
Исконски
Испишани во книги
На пергамент
На палимпсест
Меѓу паметење и заборав.
Но од каде но од кога
По ѓаволите.
Се редат секакви смрти
На луѓе големи и мали
На луѓе силни и слаби
На луѓе болни и здрави
Од нигде до сегде
Од овде дотаму
Од онде до каде било
Без знаен почеток
И секако не од вчера
И секако не од пред ден
Или од пред денови
Или од пред ноќи.
За по ѓаволите со ѓаволи
За по ѓаволите од ѓаволи
За по ѓаволите до смрт
Единствена.
До конечно во бестрага
До конечно во пустелија
Конечно во ништожество.
ЈАНЅИ ОД ЈАВА ВО ЈАЗОЛ, Грижен, стихозбирка 18