Вие премногу работите, но чувствувате дека Вашиот шеф не Ве цени, па дури и Ве малтретира. Веројатно мислите дека сте единствен со таков третман што е, се разбира, погрешно. Просто е невозможно сите други, Вашите колешки и колеги, кај него да „минуваат“ убаво.
Ви помагаме:
Постојат 10 работи поради кои Вашиот шеф можеби дури и Ве мрази, а Вие можете да ги промените:
1. Доцнење
Секој има денови кога автобусот ќе задоцни или кога во сообраќајот едноставно има толкав метеж, што и со автомобил морате двапати побавно на работа. Шефот нема да Ви забележи за таквото доцнење доколку јавите дека доцните. Меѓутоа, ако не се јавите може да дојде до проблеми. Исто така, редовното доцнење ќе Ве доведе само до отказ.
2. Недостиг на иницијатива
„Не прашувај ме дали клиентот треба да го одведеме на ручек ако доаѓа напладне!“, значи само едно: шефот го нервираат непотребни прашања кога одговорот самиот се наметнува- да, клиентот треба да се повика на ручек. Освен тоа, вработените кои само си ја одработуваат својата смена на работа и никогаш немаат идеја, со време стануваат лесна мета на шефот. Тој ќе ги замени први и на нивно место ќе доведе некој со исти работни способности, но со идеи.
3. Премногу иницијатива
Секојдневното опсипување со идеи може многу лесно да резултира со контра-ефект: ќе му здодее на шефот кој тоа ќе го разбере како наметнување и мешање во неговата работа. Сепак, тој (таа) е шеф (шефица) и мора да биде придвижувач на се, па ако Вие имате многу идеи, а тој (таа) не може да дојде до „збор“, ќе имате проблем. Освен тоа, ако не сте сигурни дека Вашите идеи се брилјантни, немојте да му ги изнесувате на надредениот.
4. Пакосни коментари и дрдорење
Озборување на колега (колешка) што не Ве поздравил(а) на минување и претераната анализа апсолутно на секој настан во фирмата, на шефот може да му значи или дека немате доволно работа (па ќе Ви даде додатни задачи) или дека сте едноставно мрзеливи и неефикасни (па ќе Ви даде отказ). Освен тоа, константното дрдорење на работа е напорно затоа што останатите покрај Вас не можат да се концентрираат на својата работа. Постои опасност да Ве затрупа со работа.
5. Нелојалност
Ако работите многу работи на страна, шефот тоа може да го сфати како недоволна фокусираност на фирмата. Освен тоа, може да помисли дека наскоро се подготвувате да ја напуштите работата за да се свртите на нешто друго, па така можете да останете со „кратки ракави“ кај некој важен проект.
6. Недостиг на страст или заинтересираност
Ако изгледате како да Ви е здодевно на состаноците, не можете да се сетите на разговорот, на задачите или на испратените e-mail-ови, и ако оставате впечаток на лице кое заминува од работа точно во минута кога престанува работното време, па со тоа некој важен состанок го префрлувате за утре, сигурно нема да напредувате. Шефот ќе Ве отфрли како лице од доверба.
7. Обид да станете најдобри пријатели
Тие главно не сакаат со Вас да одат во кафулиња, да слават родендени на Вашите деца или да знаат како поминало синоќешното излегување со Вашиот (Вашата)…Не им купувајте лични работи и не обидувајте се неизвршувањето на некоја задача да го образложите со тврдење дека тој како шеф тоа можел да го направи и наместо Вас. На работа точно се знае кој кому му е надреден и подреден, па доколку се обидувате да ја замаглите таа граница, можете да наидете на отпор и неразбирање.
8. Очигледно лажење
Ако кажете дека не сте завршиле работа оти не сте го слушнале телефонот, не сте прочитале e-mail или не сте ја виделе хартијата на работната маса, шефот сигурно ќе ви поверува првите неколку пати. Потоа, тоа станува вообичаена работа и дефинитивно проблем.
9. Детинетост
Ако се облекувате како дете, ако имате на масата грст розови моливи кои редовно ги користите во комуникацијата, ако Вашите e-mail пораки се украсени со срца и цветчиња и ако зад себе оставате неред, под итно станете сериозни. Работата не е детска градинка.
10. Нишанење на шефовата работа
Ако го пикате носот премногу во шефовата работа и се трудите да ги имитирате шефовиот животопис и сите дејствија, или, пак, се жалите на него на неговиот надреден, можете да очекувате дека ќе Ве открие и ќе Ве отпушти или ќе Ви ја миноризира работата што ја работите.
Решение: дознајте што тој (таа) не сака кај Вас и обидете се тоа да го поправите. И практицирајте јога. Таа смирува.