Сензационално: научниците успеале да го запрат времето!

Потребно време за читање: 2 минути

Истражувачи, чија работа ја финансира Пентагон, објавија дека создале „временски плашт“ кои ги крие случувањата во времето. Лабораторискиот уред манипулира со сноп светлина на начин некој настан во дел од секундата да може да се направи непостоечки, се истакнува во студијата објавена во магазинот „Nature“.

Станува збор за нов придонес во експерименталната работа на нова генерација на камуфлажа. Претходните „невидливи плаштови“ криеја објекти од погледи прекршувајќи ја светлината.

„Нашите резултати претставуваат значаен напредок кој ќе доведе до создавање на сеопфатен, просторен и временски плашт“, се истакнува во студијата што ја предводел Моти Фридман, од Корнел универзитетот во Њујорк.

Новиот изум се заснова на фактот дека фреквенциите на светлината се движат фракционално со различни брзини. Сноп на зелена светлина се пропушта низ влакнесто-оптички кабел и минува низ двонасочни сочива кои го раздвојуваат во две фреквенции-сина светлина која се поместува релативно брзо и црвена светлина која оди побавно. Оваа мала брзинска разлика потоа се засилува со поставување на проѕирна пречка пред обата снопа. Со тоа се создава временско растојание помеѓу црвениот и синиот сноп додека патуваат низ оптичкото влакно.

Временското растојание е сосема мало-сенасе 50 пикосекунди или 50-милионити делови од милионит дел од секундата, но доволно долго ласерскиот пулс да се запре на различна фреквенција од светлината кој минува низ системот. Целиот процес потоа се свртува. Црвениот и синиот сноп минуваат низ една пречка која овојпат го забрзува црвениот, а го забавува синиот. Двата снопа повторно минуваат низ сочива кои ги обединуваат во еден, единствен зелен сноп.

Бидејќи се одвива надвор од снопот фотони, „процепот“ од 40 пикосекунди е невозможно да се детектира. Оптичките инженери Роберт Бојд и Џими Ши од Рочестер универзитетот во Њујорк го споредиле експериментот со премин на фреквентна сообраќајница преку железничка пруга.

Кога возот доаѓа, автомобилите се запираат, а тоа предизвикува застој во сообраќајот. Кога возот ќе помине, автомобилите забрзуваат за да ја стасаат колоната пред себе. За посматрачот, протокот на автомобили се чини сосема нормален и не постои доказ дека возот поминал низ крстосница.

Откако докажаа дека „временскиот плашт“ е можен, истражувачите ќе се обидат да го породолжат временскиот процеп, најнапред на микросекунди, а потоа и на милисекунди.

Со примена на „временскиот плашт“ би било можно да се зголеми безбедноста во влакнесто-оптичките комуникации, со оглед на тоа дека е во состојба да ги запре оптичките сигнали, да ги пушти да патуваат со различни брзини и повторно да ги спои, со што се отежнува илегалното преземање на податоци.

Научниците веќе постигнаа напредок во тн. метаматеријали кои се однесуваат како „просторни плаштови“.

Метаматеријалите се нови вештаки материјали, чија површина реагира на светлина со специфични фреквенции благодарение на нано структурата. Како што водата тече околу камен на средината на реката, така светлосните бранови се искривуваат околу плаштот и се спојуваат перфектно на спротивната страна, не оставајќи трага на своето свртување.

(Извор: 24 sata.ifno)

Leave the first comment