Секој збор-судбина: со знаци, звуци и воздиви

Секој збор-судбина со знаци, звуци и воздиви

Странски зборови и изрази во македонскиот јазик најчесто влегуваат-се прифаќаат еклектички, неинвентивно. Тоа еднакво се однесува на значењето и можностите за нивна надградба-изведување, симболика и сл. Така е најнапред затоа што се нема изграден критички однос, поточно вредносен систем за збогатување на јазикот со нив, против индивидуална и некомпетентна примена.

На пример, прифаќањето на сите зборови со иста основа не само што би значело вистинско збогатување, туку и предизвик за зборовно новообразување (кованици и др.)

Зборови во чија основа е инфант

инфант-„оној што не може да зборува“ т.е. дете; првобитно: наследник на кралски престол, престолонаследник; потоа, кралски син, кралски принц во Шпанија и Португалија;

инфантадо-земја што се отстапува на доживотно уживање на инфантот или на инфанткињата; оттаму: инфантадос-прочуени шпански мерино-овци;

инфантерија-пешадија, пешачки трупи;

инфантерист-пешак, војник кој служи во пешадија;

инфантилен-детино, детски; детинест; малолетен;

инфантилизам-застој во развојот на едно лице во телесен и душевен поглед, облик на заболување во кое возрасен човек задржува, и во телесен и во душевен поглед, детинести црти и особини;

Прочитај и за ... >>  Од класици до класицизам

инфантицид-убиец на дете, детеубиец, чедоубиец; за жена: инфантицида;

инфантицидиум-детеубиство, чедоморство;

инфанткиња-кралска ќерка, принцеза (во Шпанија и Португалија)

Од сите приведени зборови најексплоатирани, не само кај нас, се „инфантилен“ и „инфантилизам“. Затоа што во многу сфери, а особено во политиката, има навистина многу инфантилни политичари кои во немерливи количества продуцираат инфантилности. Човек да помисли дека таквите масовно заболуваат од инфантилизам.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.