Потребно време за читање: < 1 минута

105. Помеѓу трајноста и минливоста

Проблематизирањето на трајноста и минливоста е нужно секогаш во пресвртен творечки миг, кога творецот достасува цел на својата врвица и во исто време тргнува по нова кон нова. Тоа само наликува на задоволство или незадоволство и преиспитување, а всушност станува збор за продолжување на себедокажувањето со голема, можеби неисцрпна творечка енергија.

Самобитна сенка е токму во таков пресвртен миг подолго време и на Љуба и нејзината самобитна сенка им ги проблематизира минливоста и трајноста:

-Се разбира дека ќе продолжиме заедно, но само додека не го завршиме групниов портрет со тебе, Љуба моја, и со твоите Славен и Аврам. Мислам дека тоа го очекувате. Потоа нема да се разделиме, туку јас сум цврсто решена да тргнам по нова врвица кон нова цел. Затоа што мислам дека веќе ја надминавме меѓата помеѓу минливоста и трајноста, а со групниов портрет ги уриваме разликите помеѓу нив. Еве конкретно, за што сум сигурна дека си свесна и ти, Љуба моја: пламените јазици на распламтениот оган како минливост наврапито опколуваат корени, најраширените над земјата веќе горат, а изворот во далечна стена со бистра вода, распенета помеѓу расфрлани камења, нѐ обзема сите како трајност. Вашите ликови, пак, твојот со широка насмевка, на Славен озарен и животворен, а Аврамовиот благороден, содржат едновремено овековечено време во стварен и раѓање на ново во заумен свет.

Прочитај и за ... >>  ПРОБЛЕСОК ВО МИСЛАТА

Им се насмевнува и по длабок здив доречува загадочно:

-Време е за докажување на мојата самобитност.     

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here