Ровја

Камено небо

Трештила ровја земја
среде срце игриво
трештила ровјосала
од матно ли наоблачено
или од ведро небо
може да трешти уште
од ведар дух
насликан со ведри бои.

Трешти ровја земја
речиси спалува
нејзино срце игриво
та корени на дрвја
ровјосани
трештиле да бегаат
негде и нигде
што подалеку
од огнови
во своите срцевини.

Ровја една трештила
кога било од никаде
не за радост
не за живот
кој нема каде некогаш
да трешти.

КАМЕНО НЕБО, Смисла, апстрактна поезија/игриви песни, 51

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.