Разлики помеѓу мажите и жените

Потребно време за читање: < 1 минута

-Просечниот машки пулс е од 70 до 72 отчукувања во минута; кај жените тој изнесува од 78 до 82 отчукувања во минута;

-Просечната тежина на мозокот кај мажите изнесува 1.900 грама, а кај жените околу 1.300 грама, но тоа нема никаква врска со коефициентот на интелигенцијата;

-Четвртина од сите мажи знаците на ќелавост ги забележуваат до својата 25-та година, а половината се ќелави во 50-тата. Само 5% од жените имаат „ќелави” проблеми до својата 70-та година;

-На водата во машкото тело отпаѓаат 60% од вкупната тежина, а 55% кај жените;

-Еден од 5-мина мажи има шанси да добие инфаркт пред 60-тата година; кај жените дури една од 17 жени добива инфаркт до својата 60-та;

-Далтонизмот- слепило за боја погодува 40-мина мажи од 1.000, а само 3 жени од 1.000 не разликуваат бои;

-Мажите се најголеми „сексуалци” помеѓу своите 20 и 23 години, а својот сексуален максимум жените го достасуваат дури во средните 30-ти години;

-Просечниот маж во текот на животот има 7 партнерки, а просечната жена тројца партнери;

-Околу 22% од мажите уживаат да водат љубов со запалено светло, а само една од 5 жени сака светло во интимните моменти;

-Во просек мажите се женат во 27-та година, а повеќето од нив би сакале тоа да се случи во 23-та; кај жените, пак, кога би можеле да избираат, тие би се мажеле во 21-та, а во просек се мажат помеѓу 24-тата и 25-тата година;

-Само четворица од 20-мина мажи редовно посетуваат заболекар, а околу 57% од жените го посетуваат најмалку еднаш годишно;

-И искуствено сознание: жените се поемотивни, но и порационални во однесувањето, а мажите се поимпулсивни и понеразумни во решавачки моменти.