ВИСТИНА НА ВИДЕЛИНА
ДОКАЖАНО И ЛЕСНО ПРОВЕРЛИВО:
Јас, Љупчо Димитровски, сум РАДИОМЕН со НАЈОБЕМНО И НАЈРАЗНОВИДНО аудио-творештво во Макдедонија и пошироко!
Автор сум на:
-комплетно осмислување на ДВЕ РАДИЈА (концепции, програмски шеми-програми, емисии и рубрики): РАДИО ХЕРЦ (Втора програма на Македонско радио) и ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО;
-комплетни реализации на информативни, едукативни, културолошки, забавно-контактни и други програми, емисии и рубрики (од информативен дневник до ноќна програма и директни преноси од значајни настани), од кои:
1. ПАНОПТИКУМ-лична радио енциклопедија (своевиден ФЕНОМЕН во македонскиот радио простор), сега единствен едукативно-забавен и творечки-книжевен портал https://panoptikum.mk/ .
(По повод 200-тата емисија реализиран и како рекордна непрестана реализаторско-водителска програма во траење од 25 часа);
2. Дваесетина тн. ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС (финансирани од поранешниот Совет за радио дифузија) од различни области;
3. РАДИО УРНЕБЕС-саботна контактна забавно-сатирична и музичка викенд програма-проект „во живо“ во траење од 8 часа), осмислен и реализиран водителски од мене-Љ.Димитровски (комплетна говорна содржина-рубрики) и од Драган Б. Костиќ (музичка содржина-Топ листа); колективна реализација, на тим од 10-тина новинари и други соработници.
Јас сум автор на ЕРДИНСТВЕНАТА македонска НАУЧНА СТУДИЈА „Аспекти на модерното радио-Радио на современата модерност“ (објавена на Интернет), која некои комуниколози ја изедначуваат со докторска дисертација.
Јас сум единствен РАДИОМЕН кој нема добиено ниедна позначајна награда или општествено признание за 40-годишно интензивно (секојдневно), најобемно и најразновидно аудио творештво во Македонија.
_________________
За ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО само ова: Тоа беше приватно-семејно радио (мое и на моето семејство) кое во македонскиот етер успеа да опстои 10 години, со многу жртви и саможртви. По што МОРАШЕ да угасне. Причина: беше СТОЖЕР на македонското независно радио-новинарство.
____________________________
Што се однесува на телевизијата, работев година ипол како уредник и новинар во Забавната редакција во МТВ (не ми се признати во работниот стаж), при што реализирав и водев утрински и ноќни програми. (Бев еден од водителите на специјалната програма по повод преносот на ТВ сигналот од студиото во Нерези во новото-сегашната зграда на МРТВ и др. институции), и 10 месеци во ТВ Алфа-утринска програма.
ЗА СЛОБОДНО ПРОМИСЛУВАЊЕ, белешки120





