54. Ведар
Ја пробдеа ноќта
над минато време
што го дели со љубов
сокриена во градите,
во срцето, во крвта,
во свеста;
дека има и збор
сосе молк
неуловливи.
Па излезе
од пештерата
под планината
само нему знајна,
помеѓу играта
и сонот,
на ден
ту сончев, ту облачен,
ту громогласен,
ту тивок,
како да е до бескрај
неменлив.
Во далечина догледа
птици преселнички;
ги повика да долетаат
на неговото небо.
Ја запеа нивната песна
јуначка и непобедлива.